Девет противпожарни возила и 21 пожарникар синоќа го гаснеле пожарот во кругот на фабриката Железара, на местото викано Челичарница, каде е сместен отпадот за старо железо.
Првично пожарот се обиделе да го изгаснат службите на Железара, а потоа побарале помош од Противпожарната Бригада на Град Скопје.
На терен синоќа во гаснењето асистирале и екипи од јавните претпријатија Водовод и Канализација и Комунална Хигиена, како и од Дирекцијата за Заштита и Спасување на РМ и ОКТА.
Пожарот бил локализиран со што е спречено ширење на непријатна миризба.
Од „Макстил“ информираат дека засега не се познати причините за пожарот бидејжи Челичарницата не работи од 29 април годинава. Од таму велат дека нема повредени и нема причинета материјална штета. Од „Макстил“ информираат дека од синоќа на терен се инспекциските служби и раководството на компанијата.