Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Хеа не дозволи гол на гостувањето кај Вест Хем (0:0) и ја освои „Златната ракавица“, која се доделува на голманот со најмногу чисти мрежи во сезоната во Премиер лигата.
За шпанскиот репрезентативец ова беше 18-ти натпревар без примен гол и тој си го обезбеди признанието коло пред крајот на сезоната. Неодамна Де Хеа беше избран и за најдобар играч на Јунајтед.
– Многу сум среќен. Сезоната беше навистина успешна за мене. Оваа награда значи дека тимот се бранел добро во текот на целата кампања, прокоментира по мечот 27-годишниот Де Хеа.
Поранешниот играч на Атлетико Мадрид е првиот голман на Јунајтед, кој освојува „Златна ракавица“ по Едвин ван дер Сар.