Фетаи: Мотивот на Мијалков е чувството на недопирливост и страв од пораз 

4352
20160328 Monday specijalno javno obvinitelstvo katica janeva fatime fetai

Сашо Мијалков воден од идеалот за еднопартиски систем во кој политичките противници не претставуваат конкуренција туку непријател кој треба да се елиминира од политичката сцена во телефонска координација со Мендух Тачи, кој ја злоупотребил сопствената политичка и партиска моќ, успеваат на демократски начин да ја згазат демократијата.

Ова беше дел од воведникот говор на обвинителката Фатиме Фетаи за предметот „Титаник 2“ кој се однесува на, според, СЈО, незаконската одлука на ДИК да се прегласува на едно избирачко место во Општина Струмица на локалните избори во 2013. Тогаш за градоначалник на Струмица се бореа Зоран Заев и Васил Пишев.

– Резултатот од тргувањето со политичкото влијание и беспоштедно полтронатво доведуваат до ситуација во која кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Васил Пишев опстојува во политичката битка, се организира прегласување и се трошат буџетски пари како резултат незаконска одлука на ДИК. Она на што треба да се посвети внимание е мотивот на обвинетите, пред се на Сашо Мијалков. Тоа е мотив кој се базира на чувство на сопствена политичка недопирливост и имуност на политички пораз каде постои страв дека оној кој ќе не победи на локално ниво утре, е прва опасност на централно ниво – рече Фетаи.

Во текот на главната расправа, рече Фетаи, ќе ги докажат фактите за умисленото влијание на Мијалков и умисленоѕо дејствие на поттикнување на Тачи кој му наложил на Бедредин Ибраими од ДИК да ја искористи службената положба и овластувања и да гласа за уважување на приговорот поднесен од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа пред судот тврдеше и дека СЈО ќе ги докаже и противзаконаките влијанија и на другите членови од ДИК кои злоупотебувајќи ја службената положба иако биле свесни дека нема законски основ постапиле спротивно на изборниот законик.

Покрај за тоа дека членовите на ДИК донеле незаконска одлука за прегласување и направиле дополнителен трошок односно штета на буџетот од146.824 денари.

Таа зборуваше и за незаконската одлука на петте управни судии кои откако СДСМ поднело тужба за одлуката на ДИК решиле дека ДИК донел исправна одлука. Меѓутоа, тие не се опфатени со обвинението бидејќи судот претходно го одби обвинението против нив.

Со докази, вештачења, сведоци и бомби, како и анализа на законите Фетаи тврди дека ќе ја докаже вината на обвинетите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...