11 новинари ги вратија наградите поради непрофесионална колешка

Новинарите кои ги вратија наградите сметаат дека Петровиќ известувала пристрасно, непрофесионално и без почитување на основните новинарски правила за самоубиството на генералот Слободан Праљак, кој испи отров во судницата во Хаг.

2051
20151214 Monday sobranie anketna komisija svedoci soslusuvane nikola gruevski mediumi nadvor izbrkani brkani

Единаесет хрватски новинари од вкупно 16 добитници, му ги вратија наградите на Хрватското новинарско здружение, во знак на протест со доделувањето на годинешната награда на новинарката на Нова ТВ, Ивана Петровиќ, објави Ако.

Новинарите кои ги вратија наградите сметаат дека Петровиќ известувала пристрасно, непрофесионално и без почитување на основните новинарски правила за самоубиството на генералот Слободан Праљак, кој испи отров во судницата во Хаг.

Наградите ги вратија: Иван Краљ (три награди), Драго Пилсел, Зинка Бардиќ и Ернест Маринковиќ (по две награди), Борис Павелиќ, Ана Беначиќ, Хрвоје Шимичевиќ, Љубица Летиниќ, Ивица Грчар, Војислав Мажочо и Јерко Бакотин.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...