Под мотото „И ние сме звезда на европското небо“, децата на градинката „11 Октомври“ во општината Бутел го прославија денот на Европската Унија.
На настанот учествуваа и децата од детскиот хор Пиколо.
На прославата децата, градоначалникот Велимир Смилевски и амбасадорот на Република Словенија Милан Јазбец, ја фарбаа фасадата на градинката .
Градинката е првиот објект на територија на општина Бутел која е реновирана со финансиска помош од Кралството Норвешка и помоштта од вицепремиерката Радмила Шеќеринска.
„Целта на денешниот настан е да го свртиме вниманието на меѓународната заедница за понатамошна соработкаво насока на модернизирање на условите во градинката со менување на фасадата. Впрочем децата се нашата иднина и го заслужуваат тоа“, велат од градинката.