Камила и Чарлс „се дават“ во локумадес и грчко кафе ФОТО и ВИДЕО

Принцот Чарлс ги пробаа грчките традиционални крофни - популарните лoкумадес, посети кафуле, цвеќарница, поразговара со Грци и туристи.

902

По посетата на Грчката архиепископија, во познатата атинска населба Плака и средбатат со Јеронимос, принцот Чарлс и војвотката Камила пеш се упатија кон нивната следна закажана активност во центарот на Атина – посета на црквата Капникареа што се наоѓа на една од најпознатите туристички и трговски улици во строгиот центар на грчката престолнина.

Под силно полициско обезбедување, пропратено од голем број на акредитирани грчки и странски новинари меѓу кои и дописничката на МИА од Атина, принцот Чарлс и војвотката Камила прошетаа низ Атина.


Ги пробаа грчките традиционални крофни – популарните лукумадес, посетија кафуле, цвеќарница, поразговараа со Грци и туристи.

Присуството на кралскиот брачен пар предизвика изненадување и воодушевување кај граѓаните и туристите кои случајно се најдоа на местата каде што помина и застана кралската делегација.


Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...