Тачи сака материјали на мајчин јазик, судијата спремен да работи и до полноќ

Тачи се жалеше и дека во истрагата од Специјалното јавно обвинителство не му кажале оти му треба адвокат., но обвинителката Фатиме Фетаи реагираше дека таа го поучила и појаснила дека според законот во истрага не е задолжителен адвокат.

967

Мендух Тачи и Бедредин Ибраими обвинет во случајот „Титаник 2“, бараат обвинителниот акт и другите списи од предметот да ги добијат на мајчин јазик кој според Законот за кривична постапка е, како што велат, втор службен јазик во постапката.

Судијата Огнен Ставрев ги потсети дека на минатото рочиште рекле дека го разбираат македонскиот јазик и ќе се користат со него во судница. Сепак, тој даде пауза до 14 часот за да се преведе обвинението на албански јазик. Ставрев тече дека ако треба тој и останатите членови на судечкиот совет се спремни да работат и до полноќ.

Тачи се жалеше и дека во истрагата од Специјалното јавно обвинителство не му кажале оти му треба адвокат.

Обвинителката Фатиме Фетаи реагираше дека таа го поучила и појаснила дека според законот во истрага не е задолжителен адвокат на што Тачи одговорил дека во таков случај нема да ангажира. Но, откако е одобрен и влезен во правна сила обвинителниот акт, од СЈО му било кажано дека ангажирање адвокат е задолжително.

Откако судот даде пауза за преведувачот во судот да го преведе обвинението, Ибраими праша дали преведувачот е овластен на што судијата возврати дека судот не би вработил неовластен преведувач.

Додека траеа натегањата на Тачи, Ибраими и нивниот адвокат со судијата и со Фетаи, одбраната на Сашо Мијалков цело време молчеше, само на крајот побара да се пушти вентилацијата во судница бидејќи е многу топло. Но, таа е исклучена бидејќи тече вода од неа во судница.

Во случајот обвинети се поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, лоерот на ДПА Мендух Тачи, како и поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.

Според „бомбите“ што ги објави СДСМ, а кои се прифатени како докази во судската постапка, Мијалков и Тачи се договарале за гласање на членови на ДИК во однос на поднесени приговори.

Минатото рочиште беше одложено бидејќи беше прочистен текстот на обвинението. Во него имаше и дел за петмината судии од Управниот суд, но бидејќи судот го одби обвинителниот акт против нив, од СЈО го тргнаа делот за управните судии. Поради ваквите промени, одбраната тогаш побара одложување на рочиштето за да може да го разгледа прочистениот текст на обвинението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...