Два месеци по најавата Град Скопје денска го засади дрвото на човековите права на местото на споменикот на Андон Лазов Јанев – Ќосето. Допрва ќе биде поставена изгравирана плоча, која Скопје ќе ја добие од збратимениот германски град Нирнберг, на која ќе бидат напишан членот 10 од Универзалната декларација за човекови права на Обединетите нации (ОН).
Членот 10 гласи: „Секој има потполно еднакво право на праведно и јавно судење пред независен и непристрасен суд, при одредување на неговите права и обврски и во услови на какво и да е кривично обвинение против него“.
Тогаш скопскиот градоначалник Петре Шилегов рече дека „пораката што ќе ја испрати градот до граѓаните е дека во судот правдата е слепа и се дели непристрасно“.