Повеќе од 90 деца заробени во канџите на семејното насилство ВИДЕО

118

Евидентирани се над 90 деца жртви на семејно насилство. Oд 903 кривични дела на семејно насилство минатата година, во кои се евидентирани 976 жртви, жените се поголем дел или речиси две третини од регистрираните жртви, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој нагласи дека МВР е една од институциите која, согласно своите законски надлежности и обврски, ја има позицијата директно да се соочува и справува со последиците од овој тежок облик на криминал.

– Од аспект на МВР, покрај постоечката законска регулатива на ниво на подзаконски акти како што се правилници дејствуваме врз основа на нормирани процедури и постапки како во областа на семејното насилство каде и децата се жртви, така и во делот на трудова експлоатација, трговија со луѓе, малолетничка деликвенција и слично, информираше Спасовски и додаде дека таквото превенирање е во интерес на заштита на жртвите.

Според него, проблемот на децата како жртви на насилство е рефлексија на многу социјални, економски, воспитни, образовни, културолошки, семејни и други чинители за која, како што рече, и оваа Студија нуди јасна перцепција за сите аспекти на проблемот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...