Премиерот Зоран Заев денеска децидно им порача на парламентарните партии да размислат за понудите кои ги добиле за влез во Владата.
-Предлозите се вредни за размислување, го очекувам одговорот од нивна страна. Синоќа се слушнав со еден од лидер на овие парламентарни групи. Денеска имам намера да вртам телефони, сакам да се зголемам парламентарното мнозинство – изјави Заев на денешната прес конференција во Владата.
Досега ниту една од партиите кои Заев ги прозва, како можни идни коалициски партнери јавно не се изјаснија дали ги прифаќаат понудите кои премиерот ги стави на маса. Само Беса предводена од Билал Касами порача дека очекува ресорно министерство, во спротивно нема да прифати учество во Владата на Заев.