Куманово им објави војна на крлежите

120

Денеска и утре, стручни екипи од кумановска фирма ќе ги третираат јавните зелено-цветни површини против крлежи, информираат од општина Куманово. Целта на третманот кој ги опфаќа парковите, градскиот кеј, островцата околу институциите  е спречување на ширење заразни болести.

Третираните површини ќе бидат видно обележани и не се препорачува  подолг престој ниту за граѓаните, ниту за животните, особено во периодот непосредно  по извршениот третман. – За дезинскеција и дератизација и ларвицидна дезинскеција која традиционално  се спроведува  во два наврата сега и на есен одвоени се 600.000 денари. Тендерот го доби фирмата „Плант Медика“, информираше, комуналниот редар од општина Куманово, Гордан Таневски.

Годинава се предвидени и три третмани со ларвицидна дезинскеција на површини како се што мини бари, мочуришта, застоена вода во селата во Кумановско, како што се Речица, Клечовце и други.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...