Со поранешниот грчки премиер, а сега лидер на Сегрчкото движење на демократските социјалисти и на социјалистичката интернационала, Јоргос Папандреу ќе оствари средба утре во Сунио шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров.
Информацијата за дописничката на МИА од Атина ја потврди самиот Папандреу по средбата со грчкиот премиер, Алексис Ципрас.
Поранешниот премиер за надворешната политика разговараше со Алексис Ципрас, а потоа замина на средба со Никос Коѕијас.
– За земјата да оди напред потребна е национален консензус и компромис. И сите имаме должност да му служиме на тоа – рече Папандреу по средбата со Ципрас и додаде дека надворешната политика, особено во критични моменти за Грција бара одговорност и чисти гласови.