Поради технички зафати во дистрибутивната мрежа, утре без струја ќе останат делови од неколку скопски општини.
Од 8:20 до 13 часот без струја ќе бидат корисниците на дел од улицата Македонско-косовска бригада и дел од Втора македонска бригада во Чаир, од 9 до 11 корисниците на Антон Попов, згради бр. 148 и бр.161 во Гази Баба, од 9 до 13 часот сите стопански и нестопански објекти во рамки на поранешната Стакларница Скопје, општина Кисела Вода, од 9 до 15 корисниците од „Вилгоградска“ 1, 2, 3 и 4, општина Карпош, од 12 до 15 корисниците од Чаирска, Виргино и 7-ма Албанска бригада во Чаир.