Секоја правна помош кон европскиот пат на Македонија е добредојдена, рече премиерот Зоран Заев на денешната средба со претставниците на реномираната адвокатска групација ЦМС со седиште во Брисел претставена преку извршниот директор Корнелиус Бренди, како и преку Мајкл Бауер и Марта Вејсели од Канцеларијата за европско право.
Претставниците на европската адвокатска компанија со премиерот Заев разговараа за нивното правно искуство во локални и прекугранични проекти и спорови, кои ги остваруваат преку својата мрежа од околу 5.000 адвокати и правници.
Премиерот Заев со адвокатите разговараше за предизвиците кои ги имаат домашните и странски компании и инвеститорите, како на локалниот, така и на европските пазари на капиталот.
Заклучено е дека експертизите на големите организации можат многу да помогнат во разни индустриски и други сектори.