Министерството за образование и наука, го осудува индицентoт во ООУ „Живко Брајковски“, каде што наставник нападнал и повредил ученик.
По добиените наоди од извршениот надзор од страна на Државниот просветен инспекторат, Министерството за образование и наука очекува соодветно санкционирање на наставникот.
„Веруваме дека секоја ситуација и конфликт може да се разреши по мирен пат, со разговор, а не со физички пресметки и напади. Штетата е уште поголема што не станува збор за инцидент помеѓу ученици, туку помеѓу наставник и ученик.
Апелираме до сите наставници и ученици, проблемите со кои се соочуваат, конфликтите, да ги решаваат во присуство и со помош на психолошко-педагошката служба во училиштата, како и во присутво на родителите и раководните лица на образовната установа“, се вели во реакцијата на МОН.