Разбрав за што сум обвинет, нема за што да се чувствувам виновен со оглед на тоа што не сум сторил никакви кривични дела, рече поранешниот премиер Никола Груевски откако конечно започна главната расправа за случајот „Титаник“ и обвинителката Лиле Стефанова ги кажа воведните говори.
Дека не се чувствуваат виновни рекоа и Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко и сите останати обвинети. Во произнесувањето за вина, Миле Јанакиески рече дека ова го чувствува како политичка борба.
– Земајќи го предвид фактот дека основната кривична пријава е од СДСМ, ова го чувствувам како политичка борба – рече Јанакиевски.
Поранешната заменичка министерка за правда Билјана Бришковска рече дека не го разбрала обвинението па обвинителката уште еднаш објаснуваше за што ја товарат по што таа кажа дека не се чувствува виновна.
Процесот „Титаник“ продолжува на 21 мај, кога воведни говори ќе дадат и адвокатите.