Се запалил автобус на автопатот кај Гостивар

130

Автобус со скопски регистерски таблици, кој се движел кон Охрид, се запалил  утрово на магистралниот пат Гостивар – Кичево, а ниту еден од патниците не е повреден.

Како што соопшти МВР, инцидентот се случил утрово околу 09,20 на магистралниот пат Гостивар-Кичево,  кога автобусот со кој управувал К.М.(51) од Скопје, се запалил во пределот на моторот, по што запрел и од него излегле сите патници.

– Пожарот бил локализиран од Бригадата за противпожарна заштита, нема повредени, посочуваат од МВР.

Извршен е увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...