Сообраќајната полиција за помалку од три часа синоќа при спроведување мерки и активности за спречување на организирање и учество на диви трки регистрирала 15 прекршоци и издала 15 платни налози на прекршителите.
Како што соопшти МВР, во периодот од 22.30 часот до 1 по полноќ, од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје биле преземени мерки и активности за спречување на организирање и учество на диви трки на мотоциклисти на улиците „Џон Кенеди“, „Лазо Трповски“ и „2-ра Македонска бригада“.
– Притоа, биле регистрирани 15 прекршоци за кои биле издадени 15 платни налози на прекршителите. Двајца од учесниците немале лични документи и документи за мотоциклите и затоа биле приведени во Полициската станица Бит Пазар за понатамошна постапка -се наведува во соопштението.