И Би-би-си се потсмева на креацијата на македонската претставничка на Евровизија (ВИДЕО)

Корисниците на социјалните мрежи се впуштија во меѓусебен натпревар – кој ќе напише поостра или исмејувачка критика на сметка на изведбата на „Ај кју“.

9507

Бендот „Ај кју“, по синоќешното фијаско на Евровизија, при што не успеа да се пласира во финалето на 12 мај, заработи негативни критики од секој аспект.

Корисниците на социјалните мрежи се впуштија во меѓусебен натпревар – кој ќе напише поостра или исмејувачка критика на сметка на изведбата на „Ај кју“.

Освен од нивниот перформанс, многумина беа вчудоневидени од стајлингот на нашата претставничка на Евровизијата.

Дури и Би-би-си на својот профил на Твитер објави гиф и коментар опишувајќи го изгледот на пејачката на „Ај кју“.

– Не е наопаку облечено мамо, тоа е мода која ти воопшто не ја разбираш – стои во објавата на Би-би-си.

ФОТО: твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...