Во Секторот за внатрешни работи Скопје, вчера во 16.30 часот било пријавено дека во Казнено поправната установа-Идризово во затворениот дел, по претходна расправија се степале осудениците С.Р.(26) и М.Е. (32), двајцата од Скопје.
– М.Е. се здобил со тешка телесна повреда, констатирана од страна на лекар на Клиниката за Максилофацијална хирургија. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информира МВР.