Столтенберг: Ако се реши името НАТО ќе ја покани Македонија за членка

306
ФОТО: EPA/OLIVIER HOSLET

Ги поздравувам напорите за изнаоѓање решение, а ако се реши проблемот, тогаш НАТО ќе ја покани Поранешната југословенска Република Македонија да стане членка на НАТО, вели Генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА.

– Навистина ги поздравувам напорите направени од двете страни, и од Скопје и од Атина, за да се обидат да најдат решение за прашањето за името. Го посетив Скопје пред неколку месеци, исто така разговарав со премерот Ципрас по мојата посета и ја поздравувам силната политичка поддршка за обидите за изнаоѓање решение на ова многу тешко и чувствително прашање. Но, ако прашањето за името се реши, тогаш НАТО ќе ја покани Поранешната југословенска Република Македонија да стане членка на НАТО – вели Столтенберг.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, генералниот секретар на НАТО говорејќи за проширувањето на Алијансата кажа дека вратата на НАТО останува отворена за нови членки, како што беше случај лани со Црна гора, а оваа година на самитот ќе се разгледаат кандидатурите на Босна и Херцеговина, на Грузија, но и на Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...