Фудбалерот на Атлетик Билбао, Раул Гарсија го оперираше срцето со цел да ги отстрани проблемите со аритмијата.
Од баскискиот клуб соопштија дека хируршката интервенција на 31-годишниот фудбалер му била направена вчера, дека тој е во добра состојба и ќе ја напушти болницата во четврток.
За Гарсија, кој претходно играше за Осасуна и Атлетико Мадрид, а во 2015 година дојде во Билбао, оваа сезона е завршена.
Тој сезонава беше дел од стандардниот состав на Атлетик Билбао, а одигра 48 натпревари, постигна 14 голови и реализираше четири асистенции.