Груевски: Ако судијката има интегритет, ќе ме ослободи

Груевски потенцира дека во јавноста проструиле информации за некаков договор меѓу судијката Добрила Кацарска и премиерот Зоран Заев.

820

Не остана простор кој не е одбранет од наша страна во случајот „Тенк“, вели Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање зошто не сакаше да даде усна одбрана за набавката на блиндираниот „мерцедес“.

– Ако сѐ оди според правото и законите, ако судиите имаат интегритет и се држат до своите дипломи ова е завршен случај со ослободителна пресуда – рече поранешниот премиер.

Тој потенцира дека во јавноста проструиле информации за некаков договор меѓу судијката Добрила Кацарска, која го води предмет „Тенк“ и е член на Советот во случајот „Поткуп“, и премиерот Зоран Заев за таа да застане на чело на Апелациониот суд или за да стане судијка во тој суд, а за возврат да даде ослободителна пресуда на Заев и осудителна на Груевски. Ако е така, вели тој, може сѐ да се очекува.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...