Искрено сакаме односите помеѓу Македонија и Руската Федерација да се унапредуваат успешно, конструктивно, во духот на соработката, заемното разбирање и рамноправност. Русија се обидува да биде добар партнер, а како ќе се однесува Македонија, тоа е нејзино суверено право, изјави амбасадорот на Руската Федерација во Македонија Олек Шчербак при неговата посета на Прилеп, запрашан да ги оцени моменталните односи меѓу двете земји.
– Русија и Македонија се две пријателски држави кои се поврзани со вековни историски и духовни врски. Во голем дел имаме заедничка култура, во голем дел и заеднички јазик, заеднички духовни корени. Искрено сакаме односите помеѓу Македонија и Руската Федерација да се унапредуваат успешно, конструктивно, во духот на соработката, заемното разбирање и рамноправност. Во меѓународните односи многу се битнни билатералните односи, а тоа е како улица со двонасочно движење. Како и за добро танго, потребни се напорите на двајца. Русија се обидува да биде добар партнер, а како ќе се однесува Македонија, тоа е нејзино суверено право – рече Шчербик.
Амбасадорот Шчербак ги отфрли како пропагандни лаги обвинувањата дека Русија се меша во дел од земјите на Балканот за да не влезат во НАТО, како и во спорот за името меѓу Македонија и Грција.
– Во современиот свет се произведуваат многу лаги. Тоа е класичен пример на пропагандни лаги. Немам намера да отворам вистина за овие лаги, а на сите овие прашања одговорив минатата сабота во напис во весник – изјави Шчербак.
Што се однесува до тоа дали светот е на работ на нова студена војна, Шчербак рече дека тоа не е на иницијатива на Русија.
– Русија прави сѐ да го намали нивото на тензичноста во светот и дејствува да ја запре таа страшна антируска пропаганда која се шири во светот. Правиме сѐ овие обиди да се започне студена војна да згаснат и да не преминат во „жешка“ војна – рече амбасадорот на Руската Федерација во Македонија Олег Шчербак при денешното одбележување во Прилеп на 9 мај – Денот на победата над фашизмот.