Верстапен: Трката во Шпанија е одлучувачка за сезоната на Ред Бул

Холанѓанецот Макс Верстапен верува дека Гран при на Шпанија овој викенд може да биде одлучувачки момент за него и за сезоната на Ред Бул како целина.

232

Холанѓанецот Макс Верстапен верува дека Гран при на Шпанија овој викенд може да биде одлучувачки момент за него и за сезоната на Ред Бул како целина. Тој ја започна сезоната со инциденти со три различни пилоти, вклучувајќи го и неговиот тимски колега Даниел Рикардо во Баку.

Првата победа на Макс во Формула 1 беше пред две години токму на патеката „Каталонија“ и сега ќе се обиде да земе приклучок во борбата за подобар пласман со конкурентите по двете отпаѓања од почетокот на 2018 година.

Трката во Барселона го означува почетокот на европската сезона и сите тимови се очекува да пристигнат со подобрувања во своите автомобили. Ред Бул не се исклучок и се надеваат на нови подобрувања за да се израмнат со Мерцедес и Ферари, како кај возачите, така и кај конструкторите.

– Ќе имаме многу надградби, се надевам дека сите ќе бидат позитивни и ќе бидеме уште поблиску до челото, но сепак сите ќе внесат нови делови во болидите, изјави пилотот.

Со заострувањето на борбата, Макс верува дека претстојната трка е пресвртна точка за годината.

– Може да биде одлучувачки момент за целата сезона и јас сум многу заинтересиран за тоа како сите ќе настапат. Верувам дека нашиот автомобил е многу брз, потребна ни е поголема брзина, но се надевам дека ќе го постигнеме тоа, додаде Верстапен.

ФОТО: Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...