Спасовски до бодигардите: Благодарение на вашата професионалност, политичарите можат да работат без страв ВИДЕО

481

Благодарение на вашата професионалност, ние политичарите можеме да го правиме она што треба да го правиме без постојан страв од непредвидена ситуација, рече министерот за внарешни работо Оливер Спасовски во своето обраќање на отварањето на Првата меѓународна научна конференција „Обезбедување на личности (ВИП и ВВИП) и објекти: Студија на случај, проценка на ризик и методи и тактики на обезбедување на личности и објекти“, што од денеска до четврток се одржува во Охрид.

– Она што мора да го направиме е всушност, да се фокусираме кон натамошна изградба на флексибилен, ефикасен, технички модернизиран концепт на безбедност на институционално ниво, способен првенствено валидно да евидентира, анализира и проценува закани, но и на воспоставување на мулти-институционален систем за соодветен одговор кон истите. Притоа, мора да ги почитуваме сопствените карактеристики и национални приоритети, но и нужноста за стандардизирање на сите сегменти од безбедносната сфера согласно оние на нашите евро-атлантски партнери – рече министерот.

Спасовски изтакна дека обезбедувањето е ризична професија, која бара максимален ангажман, посветеност и концентрација и тоа важи буквално за секоја степеница од скалата на искачување на лицата кои работат во оваа област.  

– Во оваа наша работа – борбата против криминалот, тероризмот, фанатизмот, се соочуваме и со најгрозоморните, непоимливите начини на дејствување на човекот. Но не смее да попуштиме. Заканите кон безбедноста се менуваат секојдневно, а тоа само по себе бара инвентивност во смисла на изнаоѓање на нови методи и техники, но и задржување присебност во моменти кога се чини дека е тоа невозможно- рече министерот Спасовски.

Тој потенцира дека Министерството за внатрешни работи во овие скоро година дена по формирањето на новата влада започна сериозна реформа во службата за обезбедување на личности и објекти и ги прави сите напори за да може да одговори на секој предизвик.

– Бројните самити кои што се одржаа последниве неколку месеци и признанијата кои што ги добивме од учесниците говорат дека имаме капацитет – рече Спасовски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...