Владата вели дека раководството на МРТ ќе трае додека да се промени законот

100

Портпаролот на Владата вели дека ќе се овозможи професионално и непартиско раководење на МРТ и АВМУ.

Владата нема никаква поврзаност со изборот на директорот на Македонската радио телевизија. Овој избор е одлука на Програмскиот совет на МРТ кој се уште функционира во стариот состав, а граѓаните на Република Македонија добро знаат кој членува во тој состав, на кој начин работеше и под чии влијанија, истакна денеска на прес-конференција портпаролот на Владата на РМ Миле Бошњаковски.

– Веднаш по усвојување на новиот закон за аудио аудиовизуелни услуги ќе се овозможи професионално непартиски нови раководни позиции и во Македонската радио телевизија и во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги (АВМУ). Тоа значи дека овој избор на важност се додека не го усвоиме законот – рече Бошњаковски.

Со ова, рече тој, ќе се прекине нетранспарентноста и партизацијата на МРТ и на Агенцијата. Новиот закон се очекува да помине на владина седница до крајот на неделава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...