Загина 25-годишно момче од Скопје во сообраќајка кај Велес

607

Во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 18,44 часот на автопатот Скопје – Велес, пред Катланово загина дваесет и пет годишен скопјанец.

Според МВР патничко возило „Фиат Пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Т. (21) од Скопје, изгубило котрола и излетало од патот.

„Сопатници во возилото биле М.Т. (25), Ф.Ј. (18) и К.К. (25), сите од Скопје. Притоа, со повреди се здобил М.Т., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, но по пат кон болницата им подлегнал на повредите. Од страна на дежурен лекар во 19.30 часот е констатирана смрт. Со тешки телесни повреди се здобил К.К., а со телесни повреди – Ф.Ј.“, вели МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...