Лекар од Сарај пријавил пациент со прострелни рани во стапалото

73

Лекар од амбулантата во Сарај вчера околу 10 часот пријавил дека кај нив било донесено повредено лицето Ј.И. (55) од село Грчец со две прострелни рани на левото стапало. Истиот ден околу 9,40 часот пред мостот во с.Грчец лице од с.Раовиќ, скопско, со огнено оружје испукал неколку пати кон Ј.И., по што побегнал во непознат правец.

На местото на настанот биле пронајдени две чаури и траги од крв. Со возило на Итна медицинска помош, Ј.И. бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде бил задржан на лекување. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...