Раководител од Ѓавото живее и се лекува во канцеларијата

1631

Раководителот на хидросистемот Ѓавато, Јован Попов, е неподвижен веќе втор месец. Настрадал во тешка сообраќајна несреќа и сега е врзан за кревет. Но, наместо дома или во соодветна установа, тој се лекува во службените простории, објави Канал Вис.

Тој донел болнички кревет, лекови и опрема и за него се грижат вработените, кои го негуваат, му менуваат катетер, му даваат лекови.

Попов вели дека мора да биде во канцеларијата бидејќи е потребен на работното место и тврди дека имал дозвола од Министерството за животна средина да престојува тука. Од Министерството за ТВ Вис изјавиле дека до нив не стигнале информациите дека раководителот Попов живее и се лекува во канцеларијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...