Пред СВР Скопје – Полициска станица Центар беше промовиран проектот „Полицајци – велосипедисти“. На почетокот на територијата на општината ќе патролираат шест полицајци, по двајца полицајци-велосипедисти во одделни реони. Со ова ќе се подобри ефикасноста во извршување на секојдневните задачи и активности на униформираните полицајци во централното градско подрачје.
Со ова ќе се придонесе и во борбата за заштита на животната средина. Овој проект
во иднина ќе се усовршува и надоградува за подобар квалитет во безбедноста и сигурноста на граѓаните.
Полицајците – велосипедисти треба да бидат главен двигател во имплементацијата на проектот „Полицијата и граѓаните“ со нови стандарди и начини на комуникација и соработка.