Се урива старо „Беко“ (ВИДЕО)

Некогаш навистина се градело по „јус“, коментираа граѓаните гледајќи колку тешко оди уривањето на зградата во центарот на Скопје

3493

Денеска со огромна машина и голема бучава се урива старата зграда на некогашно „Беко“ на улица „Даме Груев“ во центарот на Скопје.

Насобраните граѓани со тага гледаат како се урива уште едно обележје на некогашно Скопје.

Инаку, пред извесно време уривањето беше стопирано од градежните инспектори на општина Центар откако било увидено дека била почната постапка за уривање без одобрение.

На истото место ќе се гради нов комерцијален објект, П+6, според постоечкиот Детален урбанистички план.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...