Проектот „Ние и Ербас“ на основците од „Лазо Трповски“ меѓу „Топ 10“ во Берлин

610

На традиционалниот меѓународен училишен натпревар за воздушен и вселенски сообраќај одржан во Берлин, четвртоодделенците од ООУ „ Лазо Трповски“ освоија награда за својот проект „Ние и Ербас“. Под менторство на професорите Елена Угриноска и Стефан Симовски, основците од ова карпошово училиште успешно ја поминаа прелиминарната фаза и се пласираа во најдобрите десет проекти, кои беа изработени и презентирани на овој меѓународен образовен турнир.

Натпреварот беше организиран од Сојузното германско здружение за воздушна и вселенска индустрија од Берлин во соработка со Сојузното министерство за економија и енергија на Германија, Сојузното министерство за образование и истражување на Германија, како и на „ Луфтханза Техник АД“, и концернот ЕАДС ( во чиј состав влегува и познатиот производител на патнички авиони Ербас).

Заблагодарувајќи им се за прекрасниот научен проект на основците од Општина Карпош, раководителот на проектот Тим. Е Бранд истакна дека проектот е фантастичен и е плод на тимска работа во која е вклучен многу труд, вештини и интелигенција. Пласманот на учениците од ОУ „ Лазо Трповски“, е одлука на деветчлено реномирано жири и е потврда за исклучителниот успех кој нашите ученици го постигнаа на овој респектиран меѓународен училишен натпревар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...