ЈП „Водовод и канализација“ за утре и задутре најави чистење на резервоарот во населба Синѓелиќ во општина Гази Баба поради што се можни мали прекини во водоснабдувањето во населбата.
Активностите за чистење и хлорирање на резервоарот ќе почнат утре во девет часот, информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје.