Нора Алити, поранешната пратеничка на ДУИ и ќерка на поранешниот амбасадор на Македонија во Бугарија и лидер на ПДП Абдурахман Алити, да биде претседателка на Комисијата за хартии од вредност, додека сестрата на Катица Јанева, Лиле Делиџакова да стане нејзина заменичка, е предлогот на Владата до Собранието.
Со потпис на премиерот Зоран Заев, до Собранието е испратено барање во кое се предлага Алити и Делиџакова да бидат избрани за претседателка и заменик претседателка во Комисијата за хартии од вредност.
Со предлогот се бара Алити и Делиџакова да бидат професионално ангажирани во Комисијата за хартии од вредност. Во писмото се предлагаат и тројца членови – Зоран Колев, Кирил Јовановски и Душко Гошевски.
Делиџакова е од Гевгелија и поранешна вработена во Царината. Алити од ДУИ има завршено MIB School of management – Осигурување и управување со ризик во финансиски институции и е магистер.
Мандатот им трае пет години со можност за реизбор.