Во Скопје на улица „Коста Абрашевиќ“ вчера е пријавено дека околу 23 часот настанала расправија помеѓу О.Ш.(31) и О.Џ.(33) од една страна и Ш.Х. друга страна, при што двете лица физички го нападнале Ш.Х.
Истиот по нападот од неговиот двор земал секира, но од страна на соседите истата му била одземена и лицето било спречено во намерата да нападне со неа.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.