Голден Стејт и Хјустон поблиску до финалето на Западот (ВИДЕО)

Следниот натпревар во серијата е на 9 мај.

55

Шампионот на НБА, Голден Стејт синоќа не му остави никакви шанси на Њу Орлеанс и по победа на гости со 118:92 поведе со 3-1 во полуфиналната плејоф серија на Западот, која може да заврши уште во следниот дуел во Оукленд.

За разлика од претходниот дуел, кој помина целосно под доминацијата на Пеликанс, сега тимот од Калифорнија ги диктираше настаните на теренот и не остави сомнеж во својата супериорност.

„Воините“ започнаа силно и поведоа со 14:4. Шутот им одеше на шампионите, а освен тоа дејствуваа исклучително цврсто во одбраната.

Предноста се зголеми на 27:10 и првата четвртина заврши со 37:22. Пеликанс успеаја да се соземат и го намалија заостатокот до десетина поени, но гостите во целост ги контролираа работите.

Сепак разликата падна до одморот, откако Голден Стејт водеше само со 61:54, што создаде чувство дека до пресврт може да се стигне. Но шампионите уште еднаш решија сѐ во третата четвртина.

Тие ги постигнаа првите седум поени за периодот за да ја удвојат предноста, го освоија со 33:19 и потоа натпреварот само се доигруваше.

Кевин Дурант заврши со 38 поени, при шут од игра 15 од 27, а Стеф Кари додаде 23.

За домаќините Ентони Дејвис постигна 26, но пропушти 14 од своите 22 удара кон кошот, а најголемата разлика дојде во асистенциите, откако Ражон Рондо, кој во претходниот натпревар имаше 21, сега остана со шест, а целиот тим заврши со 17.

Во другата полуфинална серија во Западната Конференција, тимот на Хјустон ја совлада Јута со 100:87 во четвртиот натпревар одигран во Солт Лејк Сити. На тој начин Рокетс поведоа со 3-1 во меѓусебниот дуел.

Најголем придонес за успехот на Хјустон имаше Крис Пол. Тој постигна 27 поени, шест асистенции и 12 скокови.

Дебитантот Донован Мичел беше најефикасен за Јута со 25 поени, две асистенции и девет скокови но тие не беа доволни за конечен успех на „џезерите“.

Следниот натпревар во серијата е на 9 мај.

Следниот натпревар во серијата е на 9 мај.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...