„Супертрејд”, по објавените информации за истрагата во Албанија, се јави со соопштение во кое наведува дека е компанија која што се гордее на својата традиција и постигнувања во изминатите 27 години, благодарение на довербата на своите потрошувачи и партнери.
„Од септември минатата година, „Супертрејд” е овластен дистрибутер на „Галф оил“ во Македонија, американска компанија со повеќе од 117 години искуство и традиција во производство и дистрибуција на деривати, моторни масла и лубриканти. Производите на „Галф оил“ се дистрибуирани во повеќе од 100 земји и воедно претставува еден од најголемите глобални дистрибутери, со квалитет на производи кој несомнено е потврден не само на регионално, туку и на глобално ниво.
Според истрагата која што е отворена во Република Албанија, а која се однесува на истрага за финансиски криминал на менаџерот на албанската компанија, должни сме да ја известиме јавноста и нашите партнери на домашниот и меѓународниот пазар дека истрагата за наводен криминал нема никаков заеднички контекс со „Супертрејд“, горивата на “Галф оил“ и нивнииот квалитет.
Воедно, сите написи во кои се споменува нашата одговорна компанија за сомнителен квалитет на горивата се демантирани од записниците и редовните контроли од страна на институциите на Р. Македонија“, се наведува во соопштението на „Супертрејд” ДОО Скопје.
„Супертрејд” порачува дека нејзиниот тим им стои на располагање на новинарите за увид во документацијата и договорите на компанијата, како и од записници од редовни и успешни контроли од страна на институциите во Македонија.