Едно лице го загубило животот, а четири се тешко повредени во тешка сообраќајна несреќа која се случила попладнево на магистралниот пат Гостивар-Кичево.
Според првичните информации на СВР Тетово, околу 17:30 часот во близина на еден од каменоломите на четири километри од Гостивар дошло до судир на две патнички возила. Неофицијално, во сообраќајната несреќа учествувале „опел астра“ со дебарски регистерски ознаки и „рено меган“ со гостиварски регистерски ознаки.
По несреќата повредените биле пренесени во гостиварската општа болница. Во меѓувреме се очекува да биде направен увид од страна на јавен обвинител и екипа на полициската станица Гостивар.
Сообраќајот на овој дел од патот се одвива без застој.