Иванов до Радев: Се надевам дека Бугарија ќе помогне за датум за преговори

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во Дојран оствари средба со бугарскиот претседател Румен Радев, кој престојува во работна посета на Македонија.

266

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во Дојран оствари средба со бугарскиот претседател Румен Радев, кој престојува во работна посета на Македонија.

Како што соопшти Кабинетот на претседателот, на средбата било разговарано за продлабочување на одличните билатерални односи преку јакнење на политичкиот дијалог, за интегративните процеси на Република Македонија и биле разменети мислења за актуелните предизвици во регионот и во ЕУ.

Иванов изрази надеж дека Бугарија како актуелен претседавач со Европската унија, по добиената позитивна препорака од Европската комисија, ќе продолжи да ги поддржува македонските интегративни процеси, особено за одредување на датум за отпочнување на пристапните преговори.

– Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија, по Процесот Брдо-Бриони, ќе биде одлична можност уште еднаш да се потврди европската перспектива за целосната интеграција на земјите од Западен Балкан, бидејќи само на тој начин се гарантира мирот, стабилноста и просперитетот на нашиот регион, кој сè уште е подложен на безбедносни и геостратешки предизвици – рече Иванов.

Бугарскиот претседател изрази задоволство од учеството на припадниците на Армијата на Република Македонија на воената парада во Софија, се додава во соопштението од претседателскиот Кабинет.

Двајцата државници разговарале и за унапредување на безбедносната и армиската соработка и размениле мислења за активности насочени кон справување со предизвиците од илегалната миграција, тероризмот и насилниот екстремизам.

На средбата, двајцата претседатели ја реафирмирале заемната посветеност за конструктивно унапредување на севкупните пријателски односи меѓу двете земји и во тој контекст изразиле задоволство од континуираниот политички дијалог на највисоко ниво.

Претседателот Иванов на покана на претседателот Радев ќе престојува во возвратна официјална посета на Република Бугарија во јуни годинава, се додава во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...