Сашо Тасевски, Ацо Ангеловски и Љупчо Јаневиќ кои на 27 април како дел од обезбедувањето министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, ги бранеа премиерот Зоран Заев и останатите пратеници од парламентарното мнозинство, добија признанија за посебен придонес во работењето на МВР.
Признанијата денеска им беа доделени во Штип каде што се прославуваше Денот на полицијата.