Момче загинал кога со „мерцедес“ удрил во метална ограда

345

„Мерцедес“ со гевгелиски регистерски таблички, управувано од М.К. (27), вчера во 3 часот утрото судрило во металната заштитна ограда на делницата од автопатот Граничен премин Богородица–Гевгелија.

Како што соопшти МВР, возачот починал на лице место, додека сопатникот М.П. (26) се здобил со тешки телесни повреди и како итен случај со возило на Итна медицинска помош од Јавната здравствена установа Гевгелија бил пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...