Кога Мицковски ќе застане сретсело или на градскиот плоштад да чуе колку му е тешко на народот по паѓањето на фашистичкиот режим на неговата партија, луѓето мислат дека некој им донел нив споменик од бронза.
– Кој е, пак, сега, овој – се прашувале, така, селаните во Свирикурчино!?
– Како не ви е срам, бе – коментирале од Унијата на неосудуваните лица на вмро-дпмне – три пати човекот има погинато за Македонија, никогаш не дозволил ниту едно македонско јагне да падне во рацете на непријателот, ги голтал, ги гнетел, дури и мртов знаел да изеде некое шилеже, се изложувал на неверојатен ризик, а вие прашувате кој е тој, срам ве било!