Сер Алекс Фергусон е во стабилна состојба по итната операција

211

Легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед Сер Алекс Фергусон, итно бил примен во болница, објавија медиумите на Островот. Седимдесет и шест-годишниот Шкот бил хоспитализиран вчера со хеморагија на мозокот и веќе бил опериран. Информацијата беше потврдена и од самиот клуб.

Фергусон се почувствувал лошо вчера, а утрото било повикано амбулантно возило во неговиот дом за да го однесе во Кралската болница Салфорд.
Операцијата поминала успешно и актуелната состојба на Сер Алекс е стабилна, но тој има потреба од период на интензивна нега, за целосно да се опорави, се вели во официјалното соопштение на Јунајтед.
Поради лошата здравствена состојба на Фергусон, неговиот син Дарен, кој е менаџер на Донкастер Роверс, го пропуштил вчерашниот натпревар на тимот против Виган од последното коло на Лига 1.
Сер Алекс Фергусон е најуспешниот менаџер во историјата на Манчестер Јунајтед. Тој освои 13 шампионски титули на чело на тимот за 26 години и се повлече во 2013 година.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...