Сонце до пладне, попладне ќе истура

Утре ќе биде особено нестабилно со пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер.

428
20130225 Monday 1056 dozd nevreme vrne vrnezi

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со сончеви периоди, а од пладне и попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите се очекува да бидат поинтензивни во форма на невреме со можна појава на град и температури до 28 степени.

Во Скопско денеска претпладне е променливо облачно со повеќе сончеви периоди, од пладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи и со можна појава на град. Температурата ќе се движи од 13 до 26 степени.

Утре ќе биде особено нестабилно со пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер. Процесите ќе бидат поинтензивни на запад и на југ, каде што ќе има и почеста појава на град. Во вторник и среда ќе биде малку посвежо со повремени врнежи од дожд претежно во попладневните часови, а условите за нестабилност ќе бидат помали.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...