Со „томос“ тешко повредил велешанка

87

Триесетгодишниот велешанец С.Д. вчера на улицата Борис Трајковски, управувајќи мопед Томос, удрил во пешакот У.В.(68) од Велес.

Како што информираа од МВР, во незгодата У.В. се здобила со тешки телесни повреди по што била пренесена и задржана на лекување во Општата болница во Велес.

Полицијата извршила увид на местото на настанот и работи на целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...