Топол ден, попладне врнежи и грмежи

Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови.

150
20151020 Tuesday 1317 dozd esen vrne nevreme vrnezlivo dozdlivo loso vreme ladno tmurno

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а околу пладне и попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите се очекува да бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и можна појава на град.

Утринската температура ќе се движи од седум до 15 степени, а дневната од 23 до 30 степени. УВ индексот ќе изнесува шест.

Во Скопје променливо облачно, а попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 12 до 29 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови. Поизразена нестабилност ќе има и в недела, кога локално повторно ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и можна појава на град.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...