Дескоски: Грција бара уставен амандман кој ќе гласи „Името на оваа држава е Република Горна Македонија”

3839

Грција бара Македонија да усвои амандман во Уставот со кој би се решил спорот за името, открива професорот Тони Дескоски за Алфа тв.

Не се бара од нас измена на ниту еден член на Уставот, бидејки измената е направена уште на 6 јануари 1992 година, пред мислењето на Бадентеровата Комисија и е верифицирано со времената спогодба, вели професорот.

Јазот кој се продлабочува меѓу двете страни и го влече решението околу спорот за името е тоа што Грција барала со амандманот да се потврди внатрешната употреба на новото име, додека пак македонската страна се држи само до меѓународна употреба на новото име на државата.

– Промената на Уставот се бара во форма на уставен амандман, којшто Грција бара да гласи е – името на оваа држава е Република Горна Македонија и со тоа се заменуваат сите членови, каде што се употребува тоа име. А нашата страна веројатно ќе мора она што го предлага е амандман со содржина – името на нашата држава во меѓународни односи е Република Горна Македонија. Значи тоа е разликата меѓу нас и Грција во овој момент – вели Проф.Тони Дескоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...