Симеоне суспендиран и за финалето на Лига Европа

279

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, поради суспензија нема да може од клупата да го води својот клуб на финалето во Лига Европа.

Тој доби суспензија за четири натпревари, откако на првиот полуфинален натпревар против Арсенал во Лондон беше исклучен.

Тогаш тренерот на мадридскиот клуб го навредуваше судијата и доби црвен картон.

Симеоне не го водеше својот тим и на реваншот во Мадрид кога Атлетико славеше со 1:0 и избори пласман во финалето.

Атлетико Мадрид за трофејот во Лига Европа ќе се соочи со Олимпик Марсеј на 16 мај во Лион.

Фото: EPA/JUANJO MARTIN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...