Полицијата ги демонстрираше тактичко – техничките способности ГАЛЕРИЈА

502

Припадници од Единицата за специјални задачи, од Единицата за службени кучиња и од Единицата за брзо распоредување, во три различни ситуации на оперативно дејствување ги демонстрираа тактичко-техничките способности и високиот степен на неопходна координираност и професионални стандарди, за брзо и ефикасно справување во замислените кризни операции.

На Денот на македонската полиција министерот за внатрешни Оливер Спасовски изјави дека денеска презентирале само еден мал дел од потенцијалите на дел од полициските единици.

– Врската меѓу граѓаните и македонската полиција треба да зајакне, да се обнови. Денеска заедно со студентите на Факултетот за безбедност и Институтот за одбрана и мир, ученици од средните училишта, претставници од амбасадите…имавме можност да ги видиме овие вежби односно подготвеноста на на овие припадници на МВР – рече Спасовски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...